Virgin Galactic, компанија за вселенски патувања во сопственост на Ричард Бренсон, објави дека ќе продава билети за пат во вселената за 450.000 долари по седиште, неколку недели откако Бренсон полета на самиот раб на вселената.
Компанијата веќе продаде околу 600 билети помеѓу 2004 и 2014 година, а цената во тоа време беше помеѓу 200.000 и 250.000 долари.
Virgin Galactic на заинтересираните им нуди три опции: купување на едно седиште, пакет со неколку седишта, на пример за парови или група пријатели и можност за изнајмување на целото летало.
Следниот вселенски лет на Virgin Galactic е закажан за крајот на септември. Тоа е истражувачки лет заедно со италијанските воздухопловни сили и ќе полета од Ново Мексико.
На 12 јули, Бренсон полета до работ на вселената со големиот вселенски брод „Virgin Galactice SpaceShip Two“ со вселенската ракета „VSS Unity“.
На околу 15 километри надморска височина, бродот се оддели од својот авион -носач и започна со суперсонично искачување, се до 80 километри надморска височина, што е висина што САД ја определија како граница на вселената.
Патниците потоа можеа да ги одврзат појасите и да доживеат неколку минути бестежинска состојба, восхитувајќи се на заобленоста на Земјата гледајќи ја низ 12 прозорци од кабината.
VSS Unity потоа слета на пистата во базата Спејспорт Америка во американската држава Ново Мексико.
Поврзани артикли