OnePlus 9 Pro по објавата беше достапен во три опции на бои, вклучувајќи ги Morning Mist, Pine Green и Stellar Black. Сега се појави фотографија, која во живо го прикажува OnePlus 9 Pro во Pure White варијанта, а ја објави официјален претставник на кинеската компанија.
Се чини дека Pure White моделот има матиран финиш, така што не би требало да остава дамки или отпечатоци од прсти кога се користи.
Засега нема официјална потврда дека оваа варијанта на телефонот ќе биде официјализирана од OnePlus. Ќе треба да почекаме да видиме дали Pure White моделот ќе биде достапен и на кои пазари.
OnePlus 9 Pro беше објавен во март, во соработка со Hasselblad за подобрување на камерата. Телефонот има 6,7-инчен LPTO дисплеј со брзина на освежување од 120Hz, го покренува Snapdragon 888 чипсет и има простор за складирање од 128GB / 256GB. На задната страна има четири камери: 48MP главна, 8MP телефото, 50MP ултраширока и 2MP монохроматски сензор.
Поврзани артикли