Amazon се соочува со рекордна казна од 746 милиони евра (околу 887 милиони долари) откако регулаторното тело за заштита на податоците на Европската унија соопшти дека компанијата ги прекршила законите за приватност. Казната е изречена на 16 јули и е најголемата досега регистрирана, по што следуваат 50 милиони евра на Google од 2019 година.

Регулаторното тело објави дека обработката на личните податоци на Amazon не е во согласност со барањата на ГДПР, а компанијата призна дека добила наредба да ги промени деловните практики.

Amazon рече дека регулаторната одлука е неоснована и додаде дека планира силна одбрана за ова прашање. Казната за наводното прекршување на законот е изречена во Луксембург, каде што Amazon има седиште во Европа.

Оваа парична казна го означува најновиот пример за европски контроли што влегуваат кај технолошките гиганти.

Официјални лица во Европа и Велика Британија сѐ повеќе ги доведуваат во прашање деловните практики на компаниите, вклучувајќи ги Amazon, Apple, Facebook и Google, поради наводите дека тие и нанеле штета на конкуренцијата и ја злоупотребиле приватноста на потрошувачите.

Amazon изјави дека информациите за клиентите не протекле и дека одржувањето на безбедноста на информациите на своите клиенти и нивната доверба е врвен приоритет.

Според законот за заштита на приватноста на ЕУ, прекршувањата може да се казнат до 20 милиони евра или 4% од глобалниот приход на компанијата, во зависност од тоа кој е поголем.

Извор: Nezavisne.com