Голема е веројатноста дека заштитата од коронавирусот, односно ефектот од вакцините да се намали. Поради тоа кампањата за вакцинирање ќе потрае и наредната година, велат научниците од Велика Британија.
Како што се наведува во заклучоците од документите, голема е веројатноста дека имунитетот на коронавирусот создаден со вакцината, со текот на времето ќе се намали, па и за потенцијално тежок облик од болеста.
„Поради тоа веројатно е дека и во текот на наредната година ќе продолжи кампањата за вакцинација против Ковид-19“, наведуваат научниците.
Документот наречен „Колку долго вакцината ќе штити од Ковид-19“ го составиле истакнати виролози и епидемиолози од повеќе установи: Кралскиот колеџ од Лондон, Универзитетот Бирмингам и Заводот за јавно здравје во Англија.
Инаку, Британија одобрила и користи три произведувачи: АстраЗенека, Фајзер и Модерна.
Реалните податоци покажуваат дека вакцините штитат 95 отсто или повеќе од алфа сојот кој доминирал во Британија на почетокот на 2021 година, тврдат научниците.
Во посебен извештај за британската влада од 22 јули, научниците велат дека постои реална можност дека ќе се појават нови соеви кои би можеле да предизвикаат тешки заболувања или да ја ослабнат ефикасноста на вакцините.
Поврзани артикли