Почнуваат да се појавуваат повеќе информации за Xiaomi Mi Pad 5 таблетот. Се верува дека ќе постојат три модели, плус потенцијален четврти таблет кој би можел да пристигне под Redmi брендот.
Двата таблет уреда, условни наречени Mi Pad 5 и Mi Pad 5 Pro, ќе ги покренува Snapdragon 870 чипсет. Се очекува и двата да поддржуваат 67W полнење за батеријата од 8750mAh. Моделот Pro ќе има 5G конекција и 48MP камера на задната страна. Стандардниот модел треба да има само Wi-Fi поддршка и камера од 12MP.
Сите таблет уреди ќе користат ист 10,9-инчен IPS LCD екран со брзина на освежување од 120Hz, со очекувана резолуција од 2560 x 1600p. Екранот би требало да поддржува внес со паметното пенкало, со 4096 нивоа на притисок.
Третиот модел, кој би можел да го носи името Mi Pad 5 Lite, ќе го користи постариот Snapdragon 860 чипсет и ќе биде достапен само во Wi-Fi варијанта. Гласините сугерираат на поддршка за брзо полнење од 33W.
Сите три таблети од старт ќе ги користат MIUI 12.5, а не MIUI 13, што се очекува во текот на август. Ова е интересно имајќи предвид дека самите уреди се очекуваат во текот на август.