Полициските патроли како по некои правила секогаш се закотвуваат на крајот од некоја рамна делница и на тој начин да ги „ловат“ прекршителите низ нишанот на радарот. Сега имаат и засилување.
Полицијата и сообраќајните престапници играат мачка и глушец уште од модерниот свет, и во тој лов, технологијата има се поголемо влијание. Камерите за брзина со текот на времето станаа клучен фактор за ограничување на „тркачите“, за сега да им се придружи и дронот.
Истиот се користи од силите на редот во Полска, и тоа многу ефикасно. По маскираните камери, пресретнувачи без ознаки, па дури и хеликоптери, на ред се беспилотните летала. Во овој конкретен случај, дронот се користи за откривање на прекршители кои минуваат преку двојна полна линија. Откако дронот ги снима во акција, полициска патрола „скокнува“ од блиската шума и го запира возилото.
Работните беспилотни летала стануваат сè почести помагачи на различни работни места, од надзор до учество во инфраструктурни проекти, како што е поставување електрична мрежа помеѓу далноводи.
За жал, на сите престапници, дроновите стануваат се почести и во полициските задачи.
Извор: Додај Гас