Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) ја опишува делта-варијантата на коронавирусот како исто заразна колку и малите сипаници, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на документ на ЦДЦ.
Во извештајот се наведува и дека делта-сојот на Ковид-19 е веројатно посилен од заштитата што ја обезбедуваат вакцините, пишува „Ројтерс“.
Ново истражување покажа дека вакцинираните лица заразени со делта-сојот носат огромни количини на вирус во носот и грлото, објасни директорката на ЦДЦ, Рошел Валенски, и додаде дека оваа варијанта е попренослива од вирусот САРС, ебола и големи сипаници.
Непосреден следен чекор на агенцијата е да признае дека војната е променета, се вели во извештајот, а се очекува ЦДЦ да објави и дополнителни информации.
Поврзани артикли