Huawei на пазарот во Кина претстави нов телефон под името Huawei Nova 8 SE Vitality Edition.
Смартфонот користи 6,6-инчен LCD дисплеј, со FHD+ резолуција и 60Hz освежување, додека во punch-hole отворот во дисплејот се наоѓа 16MP предна камера. На задната страна на уредот се наоѓа вертикално поставен систем со три камери, кои го сочинуваат 48MP главна камера, 2MP макро и 2MP сензор за длабочина.,
Nova 8 SE Vitality Edition користи осмојадрен Kirin 710A чипсет, во комбинација со 8GB RAM и 128GB простор за складирање податоци. Уредот го напојува батерија од 4000mAh, со поддршка за 40W полнење.
Присутни се и сензор за отпечатови од прсти од страна на рамката, 3.5 мм приклучок, додека за софтверска поддршка е задолжен EMUI 10.1 (заснован на Android 10 AOSP).
Huawei Nova 8 SE Vitality Edition е достапен во црна и сребрена варијанта, со цена под 300 долари за 8GB+128GB верзија.
Поврзани артикли