Безжичните слушалки Nothing ear (1) се лансирани како производ на новата британска компанија Nothing. Ear (1) се безжични водоотпорни слушалки со функции како што се активно поништување на бучавата и безжично полнење.
Ги одликува единствен проѕирен дизајн, а куќиштето за полнење и слушалките се направени од чиста пластика. Поединечна слушалка тежи само 4,7 грама. Комората има една диманичка звучна опна од 11,6 мм. Ear (1) поддржуваат Bluetooth 5.2 поврзување со SBC и AAC кодеци. Секоја слушалка содржи и контрола со допир за репродукција на медиуми и режим на отстранување на вревата.
Let everything in the background fade into nothing. @getpeid talks noise-cancellation, price, and more in his recent interview with @TechCrunch. #ear1 https://t.co/dqSx4tATUh
— Nothing (@nothing) July 6, 2021
Слушалките можат да се спарат со iOS и Android уреди, а за двата оперативни система постои апликација за управување со функциите како што се движења со допир, ANC, EQ и ажурирање на софтвер.
Батеријата на Ear (1) се наведува дека трае од четири часа непрекината репродукција со овозможено отстранување на вревата (ANC) и речиси шест часа со оневозможен ANC. Кутијата за полнење може вкупно да обезбеди до 34 часа репродукција. Футролата може да се полни преку USB-C кабел, а поседува и безжично полнење.
Nothing ear (1) – Raw Beauty. Pure Sound. State-of-the-art Noise Cancellation. #SoundOfChangehttps://t.co/pLWW073xhx pic.twitter.com/JiSc3ATBOR
— Nothing (@nothing) July 27, 2021
Цената ќе им биде околу 1000 долари, а на светскиот пазар и во Европа ќе бидат достапни од 17. август. Компанијата Nothing ја основаше Карл Пеи, соосновач на OnePlus брендот.
Поврзани артикли