Во текот на последните две години трката за што поголеми брзини на полнење на батериите за мобилни уреди се разжести, достигнувајќи неверојатни 160W во одредени случаи. Samsung, меѓутоа, не е дел од оваа приказна бидејќи компанијата за своите телефони поддржува до 25W полнење на батеријата.
Сега дојавувачот IceUniverse сугерира дека Galaxy Z Flip3 нема да ја премине ни оваа вредност, кога е во прашање полнењето на батеријата и ќе поддржува само брзини на полнење од 15W.
Во текот на мај се појави 3C листинг за Galaxy Z Flip3, кој сугерираше дека смартфонот ќе има опција на полнење од 15W, што сега на некој начин дополнително го потврди и дојавувачот. Galaxy Z Flip3 и Z Fold3 ќе бидат претставени на 11. август.
Поврзани артикли