Најновиот производ на познатата германска компанија Brabus е заснован на најмоќната верзија на теренскиот GLE на Mercedes, поддржана од одделот AMG. За основа на проектот Brabus 800 искористен е Mercedes-AMG GLE 63 С 4-Matis купе чиј 4-литарски В-8 мотор развива 612 коњски сили.
Но, возилото има 800 коњски сили, наместо стандардните 612 и, 850 њутн-метри вртежен момент и 1.000 њутн-метри што се дистрибуираат на двете оски со рекалибриран 9-степенски автоматски менувач.
GLE од 0 до 100 км/ч достигнува за 3,4 секунди (0,4 секунди побрзо од стандардната верзија) и развива електронски ограничена бризина од 280 км/ч.
За оние „со покус џеб“, Brabus го нуди истиот пакет во комбинација со мотор кој развива 700 коњски сили.