Acer додаде нов модел во својата XV1 линија гејминг монитори, наречен Acer XV431CP. Мониторот нуди 32:9 однос на страни, широк спектар на екранот за работа, гејминг или гледање видеа.
Acer XV431CP има 43-инчен IPS панел, со брзина на освежување од 120Hz, 1ms одзив и 3840 x 1080p резолуција. За гејмерите е достапенн AMD FreeSync Premium, преку кој е можно да се користи прилагодена стапка на освежување.
Панелот е 10-битен (8-бит + FRC) и е способен да прикажува над милијарда бои, а покрива 93% од DCI-P3 спектарот на бои. Тука е и контрастот од 1000: 1, типично осветлување од 350 нита со максимум 400 нита, што е доволно за VESA DisplayHDR 400 сертификат.
За поврзување, мониторот користи три DisplayPort 1.2 приклучоци, HDMI 2.0 порт, HDMI 1.4 приклучок и 3.5 мм влез. Постојат и два звучника од 2W. Цената на Acer XV431CP мониторот изнесува 799 евра.