The Wall има исклучителна големина на екранот од над 1000 инчи, што го прави совршено простран за прикажување на разновидна содржина

Компанијата Samsung Electronics, на глобално ниво го претстави новиот модел на деловен мулти-екран The Wall. Со новата АИ технологија за обработка на дисплејот, поголема брзина на освежување на екранот од 120 Hz и разновиднатаопција за поставување во просторот и ентериерот, овогодинешниот The Wall одново ја дефинира   технологијата на прикажување, давајќи им на компаниите неограничена флексибилност во прикажување на содржина.

„Samsung е посветен на создавање на најиновативните дисплеи за деловни корисници, особено оние кои се вклучени во видеопродукција и бренд развој. Новиот The Wall -2021 година е нашиот најнапреден и разновиден дисплеј до сега, давајќи им на компаниите целосна контрола во создавањето на сопствено деловно опкружување, изјави Hyesung Ha, виш потпретседател на одделот за визуелен бизнис во Samsung Electronics.

Новиот The Wall доаѓа со иновативен Micro AI процесор кој го анализира и оптимизира секој кадар од видео записот за да обезбеди што е можно повисок квалитет на прикажување. Со можност за користење до 16 различни модели на невронскамрежа, секој способен за надградба на АИ и Deep Learning технологија. Micro AI процесорот може да го оптимизира квалитетот на сликата до резолуција од 8К, каде што се зголемува контрастот и се елиминираат пречките.

Black Seal технологијата на The Wall го покрива екранот на еднаков начин, создавајќи совршен приказ на почисти нивоа на црна боја со зголемена длабочина, обезбедувајќи неспоредлив контраст и беспрекорни детали. Со максимална осветленост од 1600нита, The Wall обезбедува кристално чист дисплеј кој се издвојува дури и во светли просторни средини. Ultra Chroma технологијата создава потесни брановидни должини кои генерираат бои во RGB спектарот, кои се двојно почисти и поточни од конвенционалните LED диоди. Секоја LED диода сега е и до 40% помала, со што се зголемува чистото црно растојание помеѓу пикселите за подобрена изедначеност на бојата и поголем контраст на сликата.

Овогодинешниот модел е полесен за инсталирање во просторот благодарение на новите безжични приклучоци и целокупниот дизајн без рамка. Користејќи модуларна технологија, The Wall може да се инсталира во различни позиции, вклучувајќи вдлабнати, конвексни, тавански, висечки, навалени и од L -типот. Покрај тоа, корисниците треба да го прилагодуваат екранот само еднаш, со Factory Seam Adjustment технологија со која се заштедува многу време.

Моделот од 2021година обезбедува нај детална слика до сега со првата 8K резолуција во индустријата, брзина на освежување од 120Hz и лесна репродукција на содржини од 8K. The  Wall  може да се конфигурира хоризонтално за резолуции до 16K со распоред од 15.360 x 2.160 пиксели, каде неговиот голем екран мери над 1.000 инчи, што го прави целосно обемен за прикажување содржина.

The Wall доаѓа со Micro HDR и Micro Motion карактеристики кои имаат можност за 20-битна обработка, и можат да обезбедат постојан квалитет на сликата за непречено прикажување на содржината, без оглед на локацијата. Екранот исто така вклучува четири екрани за прикажување “слика во слика„ (PBP), овозможувајќи четири различни извори на содржина,кои истевремено можат да прикажуваат во 4K резолуција.

Сите карактеристики на The Wall доаѓаат со највисоко ниво на безбедност. TÜV Rheinland го додели сертификатот „Тhe Eye Comfort“ на The Wall за минимизирана емисија на сина светлина, додека EMC Class B сертификатот ги минимизира електромагнетните бранови за безбедно користење на уредот не само во деловните простории, туку и во рамките на неговите четири sида.

The Wall- 2021г сега е достапен на одбраните пазари низ целиот свет. За повеќе информации, посетете ја страницата: https://displaysolutions.samsung.com/the-wall