Лицата кои работеле во Пентагон на програмите посветени за истражување на неидентификувани летечки објекти, велат дека јавноста има право да знае за поедини сознанија до кои тие дошле.
Пред три години, дневниот весник „Њујорк тајмс“ открил дека Пентагон или американското Министерство за одбрана, има Програма за идентификација на напредни воздушни закани.
Официјалните лица од ова министерство истакнале дека тимот кој работел на програмата до 2012 година, имал на располагање 22 милиони долари, пишува дневниот весник „Вашингтон пост“.
Оние кои работеле на програмата, тврдат дека оваа програма била активна и во 2017 година, но и после тоа. Почнала уште во 2007 година и за неа се знае многу малку.
Поранешниот директор на оваа програма, кој отстапил од функцијата во 2017 година, Луис Елизондо, потврдил дека неговиот тим се занмивал и со напредна вселенска програма.
„Нема повеќе потреба она со кое што ние се занимававме да го криеме. За тоа треба транспарентно да се говори“, смета Елизондо.
Тој е меѓу поранешните официјални лица и научници кои уверуваат дека на планетата Земја се срушиле непознати летечки објекти, но притоа не изнеле докази за тоа. Слично мислење има и поранешниот демократски сенатор од Невада Хари Реид.
И тој верува дека еден таков објект може да падне на Земјата и дека треба да се проучуваат материјалите од остатоците на таквите летала. Реид се повикува на официјалните извешаи, кои се однесуваат на ова прашање.
Поврзани артикли