Ако веќе сте имале Ковид и сте стекнале каков-таков имунитет, еве дали дали треба да примите вакцина против коронавирус.

Лекарите сè уште истражуваат колку трае имунитетот од природна инфекција од коронавирус, но во моментов се смета дека нивото на антитела почнува да се намалува после неколку месеци – особено во асимптоматски и поблаги случаи – на крајот оставајќи ги луѓето подложни на повторно заболување до вирусот, пренесува Huffpost.

Иако се потребни повеќе истражувања, експертите се надеваат дека луѓето со неодамнешна инфекција на Ковид-19 ќе можат да преживеат неколку месеци без вакцина.

Оние кои закрепнале од коронавирусот пред неколку месеци, би требало да ја примат вакцината штом им биде достапна.

Еве уште неколку информации кои треба да ги знаете:

1. Веројатно сте заштитени од коронавирусот неколку месеци откако сте го прележале?

Докторот за заразни болести од Универзитетот Јел, Онием Огбуагу, ја тестирал вакцината „Фајзер“, па верува дека луѓето кои прележале Ковид-19, не мора веднаш да примат вакцина.

Во случаи кога инфекцијата се појавува повторно, новата зараза се случува обично од три до четири месеци после првото заразување.

„Прилично сме сигурни дека ризикот од повторно заразување е навистина низок во првите месеци“, рекол доктор Огбуагу.

Истражувањата моментално работат на тоа да се утврди колку долго ќе трае имунитетот постигнат со вакцинација, но овој доктор смета дека ќе мора да се вакцинирате без оглед дали сте имале корона или не.

2. Дали постои одреден ризик од вакцината, ако веќе сме го прележале вирусот?

Нема многу истражувања за тоа како претходно заразените пациенти реагираат на вакцината против коронавирус. Според Огбуагу, клиничките испитувања на вакцината дури неодамна почнале да се фокусираат на луѓето кои го прележале Ковид-19, за да дознаат повеќе за реакцијата на телото на вакцината, а притоа телото веќе да има антитела.

Добрата вест е дека вакцината „Фајзер“ е безбедна за луѓето кои имале и кои немале неутрализирачки антитела, тврди Огбуагу.

„Нема причина да мислиме дека би постоел зголемен рисик, затоа може да се вакцинирате“, вели докторот.

3. Дали треба да направиме тест за антитела пред да се вакцинираме со „Фајзер“ вакцината?

Огбуагу сугерира дека тестирањето на антитела нема да биде потребно доколку истражувачите не откријат дали постои реален ризик од вакцинација на претходно заразени луѓе (што повторно е многу малку веројатно, но сè уште не може да биде исклучена можноста).