Популарната видео-игра PES (Pro Evolution Soccer) не само што добива нов погон, туку и ново име за модовите, а воедно и станува бесплатна за гејмерите.
Јапонската компанија Konami официјално го смени името на својата игра од Pro Evolution Soccer во eFootball и ќе стане исклучиво дигитална, бесплатна игра што пристигнува на PlayStation 4, PlayStation 5, Xbos сериите X и S, Xbox One, но и на компјутерите.
Игрицата ќе биде достапна оваа есен, а може да се очекуваат и верзии за iOS и Android. Засега е непознато дали корисниците на конзолата на Switch на Nintendo ќе можат да уживаат во играта.
Покрај тоа, до зима сите верзии на игрицата ќе поддржуваат cross-play, но играчите на мобилните верзии ќе мора да користат џојстици за играње против играчи кои играат од конзоли и компјутери.
Ова е навистина огромен и значаен потег на Konami, кој вклучува премин од FOX Engine во новиот погон создаден со Unreal 4. Се чини дека сите верзии на игрицата ќе бидат функционално исти, што може да значи дека многу успешниот PES Mobile ќе биде укинат или заменет.
Продуцентот на PES, Сеитаро Кимура, рече дека eFootball ќе добива редовни надградби и повеќе нема да сима годишни верзии кои се плаќаат. Игрицта ќе добива бесплатни годишни надградби за новите сезони.
eFootball првично ќе нуди егзибициски натпревари, а ќе може да се избере и меѓу девет клубови. Подоцна ќе се појават други модови кои ќе се наплаќаат. Што ќе се случи со модот MyClub сè уште не е познато, но се шпекулира дека ќе биде заменет со неименуваниот Team Building Mode.
Исто така, не е познато како новите тимови ќе се додаваат во игрицта и како ќе функционираат модовите на eFootball и монетизацијата.
Англиските коментатори Питер Друри и Џим Беглин се враќаат како коментатори, а ќе биде достапна и опцијата Option Files за прилагодување на играта.
Повеќе информации за игрицата eFootball Konami ќе објави кон крајот на август.
Извор: Klix.ba