Американскиот софтверски гигант Microsoft најави дека Windows ќе понуди услуга во облак за поголема прилагоденост на новите начини на работа и школување, што произлегуваат од корона-пандемијата.
Услугата Windows 365 ќе биде претставена на почетокот на август и ќе им овозможува на корисниците да си изберат компјутерска моќ, меморија и капацитет за складирање на нивните податоци. Претплатниците ќе имаат пристап до „облакот“ преку персоналниот компјутер, „Мак“, „Ајфон“, со „Андроид“ или „Хромбук“, под услов да имаат компатибилен пребарувач со „ХТМЛ-5“.
– Ние ја дефинираме оваа транзиција кон „хибридната работа“ како вистинска флексибилност во начинот и местото на работењето и при работното време. Тоа е модел што се развива низ целиот свет, бидејќи луѓето почнуваат да експериментираат, вели Џеред Спатаро, одговорен за Microsoft Windows 365.
Компанијата одлучи да понуди верзија заснована на „облак“ со повратни информации, за вработените и студентите да имаат побрз и полесен пристап каде и да се наоѓаат. Поттик за идејата се работата и школувањето од дома за време на пандемијата на коронавирус.
Поврзани артикли