OnePlus Nord 2 ќе биде претставен на 22 јули и ќе биде достапен во повеќе варијанти на бои. Досега имавме прилика да дознаеме за Grey Sierra и Blue Haze верзиите, како и за Green Woods специјалната едиција од веганска кожа. Сега дојавувачот Еван Блас објави фотографии од телефонот во црвена варијанта.
Не е познато дали OnePlus Nord 2 во црвена боја ќе биде дел од специјалното издание или не. Кинеската компанија ја користеше Blue Haze верзијата за тизерот кој го потврди дизајнот на телефонот.
OnePlus потврди дека OnePlus Nord 2 ќе има 50MP Sony IMX766 сензор за главната камера, како и поддршка за OIS (Оптичка стабилизација на слика). Камерата би требало да поддржува Digital Overlap HDR (DOL-HDR), благодарение на Dimensity 1200-AI чипот кој ќе го покренува телефонот. Покрај тоа, се очекува 8MP ултра-широка и дополнителна камера од 2MP на задната страна.
Поврзани артикли