OnePlus Nord 2 5G рендерите кои се појавија минатиот месец, го открија дизајнот на телефонот. Тој дизајн сега е потврден од кинеската компанија, преку тизер објавен на социјалните мрежи.
Фотографијата ја покажува задната страна на Nord 2 5G телефонот, која е слична на онаа на OnePlus 9 моделот. Тука е OnePlus логото, а слотот за камери во горниот лев агол содржи три камера сензори. За главниот сензор веќе е потврдено дека се работи за 50MP Sony IMX7666 со OIS поддршка.
Постерот не ја прикажува предната страна на телефонот, но од претходните протечени информации знаеме дека екранот ќе има punch-hole отвор. OnePlus потврди дека станува збор за 6.43″ 90Hz AMOLED панел, со HDR10+ сертификат.
Потврдено е и дека Nord 2 5G ќе има Dimensity 1200-AI чипсет, како и OxygenOS 11.3 заснован на Android 11. Повеќе детали за смартфонот ќе бидат познати во текот на официјалната објава на 22. јули.
Поврзани артикли