AOC претстави уште еден 49-инчен монитор. Овој пат во прашање е уште еден 49-инчен монитор. Се работи за модел со повисока стапка на освежување во однос на Agon мониторот од декември. AOC Agon AG493UCX2 нуди стапка на освежување од 165Hz.
Мониторот користи 49-инчен VA панел, со 5120 x 1440p резолуција (109 PPI), има 3000:1 контраст, 1ms (MPRT) одзив и нуди 121% sRGB, 91% DCI-P3 и 100% NTSC покриеност на бои. Максималното осветлување од 550 нита му овозможува на мониторот да биде подобрен за DisplayHDR 400 сертификат.
AOC напоменува дека мониторот поддржува FreeSync, но не го споменува FreeSync Premium Pro кој беше достапен на претходниот AOC Agon AG493UCX модел. Од портовите се достапни еден DisplayPort 1.4 и три HDMI 2.0 порта. Тука е и USB Type-C порт, со поддршка за 65W полнење на уредот, како и USB 3.2 (gen 1) хаб со три порта.
Мониторот има и вграден KVM свич за конекција и префрлање помеѓу два PC уреди во picture-by-picture мод, кога се користи маус и тастатура. Тука се и два 5W стерео звучници и приклучок за слушалки.
AOC Agon AG493UCX2 е официјално достапен во Азија, но се очекува дека би можел да биде понуден и глобално како својот претходник.