Samsung Интернет 15.0 Бета верзијата, сега достапна за превземање од Google Play или Galaxy Store
Samsung Electronics ја претстави Бета верзијата на прелистувачот Samsung Интернет 15.0. Новата верзија има различни карактеристики насочени кон лесна употреба, како и подобрена заштита на личните податоци на корисниците
„Samsung континуирано работи на овозможување на најдобро корисничко искуство, притоа нудејќи решенија кои користат напредни карактеристики за заштита на личните податоци. Бета верзијата на Samsung Интернет 15.0 го нуди најдоброто од двата света. Едноставните алатки им помагаат на корисниците да прелистуваат побрзо, истовремено здржувајќи ја контрола над својата приватност“, рече Ду Ким, потпретседател и раководител на одделот за веб-корисничко искуство во доменот на мобилни комуникации на Samsung Electronics.
Паметна заштита од несакано следење
Samsung Интернет 15.0 Бета верзијата ги штити корисниците од неовластен пристап до податоци базирани на т.н. fingerprintingu – техника што ја следи употребата на мрежа за добивање кориснички податоци. Сега, благодарение на подобрената технологија за блокирање на несакано следење, Samsung Интернет 15.0 Бетаверзијата навистина ја штити приватноста на корисникот.
Samsung Интернет 15.0 Бета верзијата им овозможува на корисниците да ги отстрануваат податоците зачувани на нивните уреди и им дава подобар увид и преглед на податоците што се отстрануваат. Освен тоа, откако корисникот ќе го активира тајниот режим, веќе не е потребно повторно да го конфигурира при рестартирање на апликацијата.
Брзо пребарување и навигација
Новата верзија на Samsung Интернет 15.0 Бета верзијата го олеснува пребарувањето на информации на побрз и поедноставен начин. Сè што треба да стори корисникот е да го внесе своето барање. За да биде искуството со прелистување уште подобро и поедноставно, Samsung Internet 15.0 Beta привремено ги зачувува претходните веб-страници за корисниците да можат брзо да ги отворат повторно, без повторно вчитување, со што се намалува употребата на податоци додека корисниците се движат помеѓу страниците.
После одреден период на Бета-тестирање, Samsung Internet 15.0 официјално ќе биде лансирана кон крајот на летото. Доколку некој корисник веќе ја користи апликацијата, ќе добие известување за пристигнување на нејзината официјална верзија.
Поврзани артикли