Кошаркарот на Далас Маверикс, Лука Дончиќ, кошаркарката на Чикаго Скај, Кендис Паркер, и ѕвездата на Бруклин Нетс, Кевин Дурент, ја имаат честа нивна фотографија да ја краси насловната на новата игрa NBA 2K22.
НБА го слави својот 75-ти роденден, а по тој повод, легендите Карим Абдул-Џабар и Дирк Новицки ќе бидат на насловната на „NBA 75th Anniversary Edition“ (заедно со Кевин Дурент).
Дурент и претходно беше на насловните на игриците, поточно NBA 2K13 заедно со Блејк Грифин и Дерик Роуз, како и NBA 2K15“.
Што се однесува до Новицки и Дончиќ, тие се првите играчи на Далас Маверикс кои се најдоа на насловната на една НБА игра.
Дел од споменатите ѕвезди по овој повод се огласија на социјалните мрежи.
„Исклучително сум горд што сум првата жена на насловната страница во историјата на NBA2K играта. Чест ми е што работам со компанија која инвестира во жени и верува во нашиот успех. Се надевам дека и други одлични жени ќе дојдат после мене“, напиша Паркер на Twitter.
„Почестен сум што ја споделувам насловната на NBA2K 75th Anniversary Edition, со великаните Џабар и Новицки“, рече Дурент.
Not sure who these other guys are but huge honor to be on cover of #NBA2K22. Thank you @NBA2K pic.twitter.com/Aetu6HblLB
— Dirk Nowitzki (@swish41) July 14, 2021
„Не сум сигурен кои се овие други момци, но чест ми е што се најдов на насловната на NBA 2K22. Благодарам“, се пошегува Новицки.
Huge honor to be on the cover of #NBA2K22. Thanks @NBA2K! pic.twitter.com/ptIhpVNUdN
— Luka Doncic (@luka7doncic) July 14, 2021
„Чест е да се биде на насловната на игрицата ‘NBA 2K22’. Благодарам“, додаде Дончиќ.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли