Пред неколку години, Apple ги надгради MacBook Pro лаптопите така што на корисниците им овозможи максимално до 64GB RAM. Се очекуваше дека истото ќе се случи и за освежениот MacBook Pro, но изгледа дека тоа нема да биде така, судејќи според извештајот на дојавувачот Лука Миани.
Според наводите на дојавувачот, претстојните MacBook Pro модели ќе имаат максимално 32GB RAM. Ова не се совпаѓа со претходниот извештај на Bloomberg, кој тврди дека новите MacBook Pro модели ќе имаат максимално 64GB RAM. Сепак, бидејќи се работи за непотврдени информации, треба да се земат со резерва.
Бидејќи актуелниот M1 13-инчен MacBook Pro има максимално 16GB RAM, зголемувањето на 32GB би претставувало надградба. Покрај тоа, Apple сега креира сопствени чипови и софтверот на компанијата е оптимизиран за хардверот, така што за компанијата е и можеби непотребно да има опција од 64GB RAM.