Новиот извештај на компанијата Canalys ја анализираше глобалната продажба на компјутери во текот на вториот квартал на 2021 година. Оваа класа на уреди вклучува десктоп компјутери и лаптопи (вклучително и Chromebook модели).
Побарувачката за компјутери остана на високо ниво, посебно во комерцијалниот сегмент. Достапноста на компонентите сè уште претставува проблем, но негативното влијание на овој елемент е намалено.
Генерално, пазарот на компјутери порасна за 13 проценти на годишно ниво во текот на вториот квартал на 2021 година, а вкупно се испорачани околу 82,3 милиони PC уреди.
Lenovo е водечки во текот на овој квартал, со испорачани 20 милиони компјутери и раст од 14,7 проценти на годишно ниво, со удел на пазарот од 24,3 проценти. На второ место е HP, со пазарен удел од 22,6%, додека Dell е трет со учество од 17 проценти. Apple е четврти (7,8 проценти) додека Acer (7,3%) е на петтото место.
Гледајќи во идниниот период, се очекува дека индустријата би можела да забележи побавна потрошувачка продажба, додека комерцијалната продажба ќе забележи раст. Во текот на следната година се очекува зголемување на продажбата во PC сегментот, а на ова ќе влијаат и новите надградби за Windows, macOS и ChromeOS.