Клиентите на Сеавус ја чувствуваат и согледуваат вредноста од соработката со обучени и искусни професионалци, како и од можноста да се биде дел од тесно поврзан тим кој е подготвен да обезбеди услуги и секогаш да одговори на барањата на секој клиент.
Познатата меѓународна компанија за програмерски и консултантски услуги Сеавус, која кон крајот на минатата година стана дел од големата чешка групација Арикома, му придава големо значење на континуираното учење преку кариерен развој, бидејќи тоа им користи како на вработените така и на клиентите. Стекнатото применливо знаење е клучно за успех во денешниот динамичен свет. Имајќи ги на ум постојаните промени во потребите на клиентите, тимовите во компанијата секогаш се подготвени да им излезат пресрет и да се приспособат на нивните барања. Корпоративната култура на Сеавус се базира на многу едноставен принцип – постојан напредок, учење и стекнување нови вештини.
Она што го придвижува духот на компанијата е иновативноста – создавање решенија за следната генерација кои го водат деловниот свет над успехот. Со пионерски начин на размислување, Сеавус секогаш предлага нови решенија и пристап кон постојните предизвици. Составен дел на сите тимови во компанијата се технолошката експертиза и пристапот за решавање проблеми. Големината и структурата на тимовите зависи од потребите на клиентот и од комплексноста на проектот. Во некои случаи има навистина мали тимови, додека во други случаи постојат големи или многукратни тимови кои заедно работат на еден поголем проект/клиент.
Помеѓу главните предности се огромното искуство и знаење во повеќе домени. Тимовите во Сеавус работат на многу проекти кои се поврзани со автомобилската индустрија, финансии, телекомуникации, осигурување, здравствена нега и гејминг помеѓу другите. Најважен аспект се луѓето и компанијата постојано се обидува да го прошири својот капацитет за подобрување на вештините, здобивање нови вештини, како и следење на најновите технолошки трендови. Негувајќи ја разновидноста, компанијата ја цени амбицијата и желбата за знаење, промени и предизвици. Целта на Сеавус е повторно да се открие уметноста и науката за развој на софтвер и да креира софтвер во служба на човештвото за подобар свет.
Во познатата ИТ компанија се користи програмирање прилагодено на потребите на клиентите, Frontend и Backend програмирање, развој на мобилни апликации за iOS и Android, софтверски пакети и решенија за интеграција, процесирање големи количини на податоци, веб програмирање и друго. Во врска со бизнис моделите, Сеавус применува и нуди персонал и ресурси, целосно снабдување со надворешен кадар, како и заеднички посветени тимови.
Компанијата нуди и можност за вработување за најдобрите студенти, што претставува брз пат да почнат со работа на проекти за клиентите. За таа цел, Embedded дивизијата на Сеавус организира годишна Embedded летна школа во Македонија, каде студентите од електротехнички факултет, информатичка технологија и сродните факултети имаат можност да научат и да ги применат своите знаења на практични проекти.
Ердем Али, Senior Project Manager за Embedded технологии во Сеавус ги објаснува најголемите трендови во Embedded индустријата.
„Embedded системите се типично комбинација на хардвер и софтвер. Со новата технолошка револуција во овие системи, уредите стануваат поиновативни во дизајнот и секој ден сѐ повеќе индустрии со своите производи и услуги се потпираат на embedded системи. Со достигнувањето на височините на технолошките трендови, embedded уредите исто така почнаа да се вклопуваат во различни сектори. Некои трендови кои влијаат силно на embedded полето сега се концентрираат околу автомобилската индустрија, здравството, безбедноста на IoT, вештачката интелигенција во индустриски апликации, итн.“
Ердем истакнува дека со унапредувањето на вештачката интелигенција, технологијата станува важна компонента во транспортот во иднина. „Со електрификацијата на возилата и автономното возење, автомобилската индустрија ги надминува границите сè повеќе. Во подоцнежните технологии се користат embedded алгоритми на вештачка интелигенција и број на сензори за следење на работата на возилото. Огромниот број системи потребни за да се создаде оваа реалност и комуникацијата меѓу нив ќе ги запознаеembedded програмерите со работа во комплексен систем. Тоа ќе стави уште поголем фокус на тестирање и квалитет на кодот“, вели Али.
Според него, Интернетот на нештата останува врвен тренд во индустријата и бидејќи многу активности се одвиваат на далечина, и се дигитални и поврзани, проблемите на IoT Security само ќе се зголемат. Друг тренд е брзиот развој е вештачката интелигенција што се користи во индустриски апликации. „Индустриите ќе продолжат да ги вметнуваат способностите за интелигенција во System-on-Chip решенија и уреди поврзани со Интернет за да обезбедат предвидливо одржување на опремата, зголемена оперативна ефикасност, подобрени производи и услуги и зголемено управување со ризиците“, истакнува Ердем.
Во поглед на проектите, вклучувајќи го и обезбедувањето IoT уреди и паметни домашни апарати, Senior Project Manager за Embedded истакнува што носи иднината за безбедноста на IoT. „Користењето IoT уреди дома е значително зголемено. Имаме поврзани гаџети насекаде, а заедно со нив, доаѓаат и безбедносни ризици. Безбедноста на IoT е технолошка област која обезбедува решенија за заштита на паметни уреди, мрежи, други поврзани уреди и централизирани кориснички центри од несакана манипулација. Работата на далечина што ја донесе пандемијата ги засили безбедносните ранливости на критичните инфраструктури, особено што операциите стануваат пооддалечени, често затоа што работниците немаат соодветна безбедност вградена во домашните мрежи и поврзаните уреди“, појаснува Ердем.
Сеавус им помага на клиентите во процесот на трансформација на деловниот бизнис. Ердем објаснува колку е возможно да се влијае во деловната трансформација на клиентите во Embedded индустријата -автомобилска индустрија и мобилните апликации.
„Низ годините Сеавус им помогна на многу компании во процесот на трансформација на нивните деловни активности. Дел од тие компании беа од Embedded индустријата. Им помогнавме преку градење и работење на центри за развој и тимови кои помагаат да се зајакне тимот за развој на клиенти и да се донесат високо квалитетни вредности во услугата за испорака на проекти кон крајните потрошувачи. Им помогнавме на компаниите во индустријата за производство на мобилни уреди преку обезбедување аутсорсинг услуги за развој и тестирање. Области каде помогнавме беа: Системски дизајн на архитектура и функционалности, дизајн и развој на софтвер, осигурување на квалитет, управување со конфигурација, креирање техничка документација, обезбедување поддршка за клиенти, имплементација на барања на клиенти, итн.“, посочува Али.
Мотото на Сеавус е Move your life, за да ги охрабри оние што сакаат да аплицираат за работа во Embedded одделот. Ердем појаснува како Сеавус им помага на вработените во придвижувањето на нивната кариера напред. „Нашите Embedded C, C++ девелопери и QA инженери работат на предизвикувачки проекти со врвни технологии за светски познати клиенти од автомобилската индустрија, производители на мобилни платформи / уреди, производители на мултимедијални system-on-chip, итн. Искуството што го добиваат нашите колеги од Embedded дивизијата од овие проекти е непроценливо и ги движи нивните кариери напред, заедно со континуираниот процес на обука и развој на вештините. Исто така, за студентите на ФЕИТ, постои можност за брзо следење на нивните кариери со посета на Embedded летната школа,образувајќи ги за embedded технологиите преку практичен пристап“, потенцира Ердем Али.
Доколку сакате да дознаете повеќе за актуелните отворени работни позиции во Сеавус, кликнете на линкот: