ПСУ “Јахја Кемал” објавува конкурс за доделување на стипендии за средно образование

Тестирањето за стипендија ќе се одржи на 09.05.2021 во недела во 11.00 часот. ( Скопје, Тетово-Боговиње, Струга).

Можат да се пријават ученици од деветтите одделенија на веб страната https://www.ykc.edu.mk/scholarship, рокот за пријавување е до 07.05.2021 година.

На тестирањето за стипендија:

  • Ќе се одговара на прашања по математика, општа култура и на прашања за проверка на интелигенцијата.
  • Тестирањето за стипендија ќе се полага на македонски, албански, турски и англиски јазик.
  • За тестирањето не е задолжително познавање на англискиот и турскиот јазик.
  • Доколку учениците се рангираат на првите 25 места на тестирањето ќе добијат попусти на износот на школарината (посебно за Скопје, Тетово-Боговиње и Струга), според долунаведеното,.

1. место 100%,              4. место 70%,          10-13 место 40%,

2. место  90%,               5-6 место 60%,        14-19 место 30%,

3. место 80%,                7-9 место 50%,        15-25 Место 20%.