Идната верзија на апликацијата WhatsApp ќе понуди поголема контрола над компресијата која се применува при испраќањето фотографии и видео клипови.
WhatsApp моментно развива нови функции на својата апликација, а на корисниците ќе им понуди три опции на квалитет кога ќе ги испраќаат фотографиите и видеата. Тоа се опциите auto, best quality и data saver. Тоа значи дека корисниците можат да изберат дали сакаат медиумите да бидат покомпресирани доколку брзината на интернетот е мала или пак сакаат помала компресија за да се добие максимален квалитет.
Моментно, за да се избегне компресијата, потребно е да се промени екстензијата на фајлот и да се испрати како документ, а не како фотографија или видео.
Кога ќе бидат достапни новите можности, засега не е познато. Новите информации се однесуваат само на Android, а не и на iOS, меѓутоа развојот на апликациите за оперативниот систем на Apple сигурно не заостанува многу.
Поврзани артикли