Vivo уредот со ознака на модел V2121A, за кој се верува дека е Vivo S10 е сертификуван од TENAA агенцијата, а листингот ги открива и главните спецификации на телефонот.
Според наводите од базата на податоци, Vivo S10 ќе има екран од 6.44 инчи, батерија со капацитет 3970mAh и ќе има дебелина од 7,29 мм. Смартфонот ќе поддржува 5G мрежи, а ќе работи под Android 11 оперативниот систем (веројатно со OriginOS).
TENAA не ги открива останатите детали за телефонот, но гласините од претходно сугерираат дека Vivo S10 ќе има FullHD+ 90Hz OLED дисплеј, 44MP двојна камера од предната страна, 64MP главна камера на задната страна и поддршка за 44W брзо полнење.
Vivo S10 е забележан и на Geekbench, со Dimensity 1100 чипсет и поддршка за 12GB RAM. Телефонот заедно со Vivo S10 Pro моделот, ќе биде претставен на 15. јули.
Поврзани артикли