Неодамна се појавија гласини дека Xiaomi планира да ја освежи својата Mi CC серија теелфони со нови модели, а се очекуваат Xiaomi Mi CC 11 и Mi CC 11 Pro. Сега се појавија нови детали за овие уреди.
Според најновите протечени информации, се очекува дека Xiaomi Mi CC11 ќе користи осмојадрен Snapdragon 778G или Snapdragon 780G чипсет, додека Mi CC11 Pro ќе има Snapdragon 870 чипсет.
Во сегментот на камери, стандардниот Mi CC11 се очекува со главна камера од 64MP, како и телефото сензор. Mi CC11 Pro ќе има перископ камера, со поддршка за 5x оптички зум. Главната камера на овој модел ќе има голем 1/1.3″ сензор.
Xiaomi Mi CC11 би требало да има 90Hz дисплеј, но изворите не дефинираа дека се работи за LCD или AMOLED екран. Mi CC11 серијата телефони се очекува во текот на третиот квартал оваа година.