Новиот Realme телефон (RMX3361), за кој се верува дека дека е дел од X9 серијата е забележан на неколку сертификациски листинзи. RMX3361 се појави во TENAA и 3C базите, додека Realme X9 Pro (RMX3381) се појави на ECC со некои карактеристики.
Realme X9 TENAA сертификатот открива 6,43-инчен дисплеј, за кој се очекува дека ќе биде AMOLED. Наведени се и димензиите на телефонот од 159,2 x 73,5 x 8,0 мм и батерија од 2100mAh, што е веројатно за една ќелија и вкупен капацитет од 4200mAh.
За софтверска поддршка е задолжен Android 11, веројатно со Realme OS 2.0. Пратечкиот 3C листинг открива дека RMX3361 има поддршка за 65W полнење.
Realme X9 Pro (RMX3381) e забележан на рускиот EEC листинг. Телефонот има закривен 6.55-инчен SuperAMOLED дисплеј, го покренува Snapdragon 870 чипсет и има до 12GB RAM. Останатите спецификации вклучуваат 50MP Sony IMX766 главна камера и 4400mAh батерија.
Поврзани артикли