Научниците во потрага по вонземски живот, малку по малку, се повеќе се оддалечуваат од Земјата. И, додека разни истражувачки мисии бараат живот на Месечината и Марс, возбудливи информации доаѓаат од Сатурн. Поточно, од неговата месечина Енцеладус
Ледената кора која го обвива Енцеладус веќе долго време ги интригира научниците и астрономите, а податоците собрани од вселенското летало Касини-Хајгенс укажува дека под тој мраз се крие нешто многу вредно – океан кој потенцијално може да крие живот.
Според една студија објавена во списанието „Nature“, тим од Универзитетот во Аризона и Парискиот универзитет ПСЛ, сондата Касини-Хајгенс забележала облаци од метан гас кои се издигаат од површината на Енцеладус, што сугерира дека микроорганизми слични на Земјата се наоѓаат во океаните под мразот.
Сакавме да знаеме – дали микробите слични на Земјата кои произведуваат метан можат да ги објаснат изненадувачки големите количини на метан кои ги откри Касини? “, рече Реџис Фериере, водач на студијата и професор на Универзитетот во Аризона.
Но, фактот дека тие откриле интересни податоци кои би можеле да укажуваат на постоење на видови на живот на оддалечена месечина, не значи дека е и откриен вонземски живот.
Потрагата по такви микроби, кои уште се нарекуваат и метаногени, на дното на океанот на Енцеладус, ќе бара исклучително опасни мисии со длабоко нуркање, какви што не можеме да ги замислиме во следните неколку децении, објасни Фериере.
Додека не се развие технологија што може да го овозможи ова, научниците користат математички и компјутерски симулации за да видат дали метаногените би можеле да бидат одговорни за податоците собрани од Касини. Заклучија дека – можат.
Имено, на Земјата, хидротермалната активност предизвикана од студената морска вода што се спушта на дното на океанот е поврзана со зголемена содржина на метан во водата, поради активноста на микроорганизмите кои ја користат оваа топлина како енергија и ја претвораат од јаглерод диоксидот во метан .
Податоците на Касини сугерираат дека сличен процес може да се случи и на Енцеладус и дека научниците би можеле да забележат присуство на метаноген на дното на неговиот океан.
Тие посочуваат дека без присуство на некаков биолошки извор на производство на метан, нивоата на тој гас снимени од Касини не треба да постојат. Но, тие претпазливо додаваат дека сè уште е рано за конкретни заклучоци.
Очигледно не заклучуваме дека постои живот во океанот на Енцеладус. Повеќе сакавме да разбереме колку е веројатно микроорганизмите, како оние кои ги наоѓаме на Земјата, да можат да се најдат таму. Судејќи според податоците од Касини, тоа е многу веројатно, објасни Фериере, додавајќи дека „не можам да ја отфрлам идејата за живот, за тоа би требале повеќе податоци со идните мисии“.
Поврзани артикли