Трojца милијардери претприемачи – Џеф Безос, Eлон Маск и Ричард Бренсон – се борат за влез во нова ера на приватни комерцијални патувања во вселената.

Следува компаративен преглед на нивните ривалски напори во трката за патувања во вселената.

БИЛЕТИ

Безос, Брeнсон и Маск инвестираат милијарди долари во своите вселенски потфати, секој ветува дека ќе превезува клиенти што ќе платат за патување во вселената – и тоа ќе чини многу пари.

Има информации компанијата Вирџин Галактик на Бренсон веќе има повеќе од 600 резервации на билети, кои чинат околу 250.000 американски долари. Се очекува да почне целосна комерцијална услуга во 2022 година и се надева дека на крајот ќе ја намали цената на билетот на околу 40.000 американски долари.

Ројтерс во 2018 година објави дека компанијата на Безос, Blue Origin планира да им наплаќа на патниците најмалку 200.000 американски долари по патување, врз основа на проценка на ривалските планови на Бренсон и други истражувања, иако позицијата на компанијата може да се промени. Blue Origin не ги обелодени своите долгорочни планови за цените.

Човек, чиј идентитет засега не се открива, резервирал едно од местата во првата суборбитална мисија на Blue Origin, закажана за 20 јули, нудејќи 28 милиони долари на аукција.

Компанијата SpaceX на Маск веќе однесе екипаж до Меѓународната вселенска станица и планира да лансира целосно цивилен екипаж во орбитата во септември. Маск исто така рече дека SpaceX ќе го однесе милијардерот Јусаку Маедзава на лет околу Месечината со својата идна ракета Старшип во 2023 година.

ДИЗАЈН

Се предвидува вселенското летало Unity што го користи системот за повеќекратна употреба „СпејсШипТу“ на Virgin Galactic, да биде подигнато на висина од голем носач на авиони, наречено Ив, пред одвојувањето.

Уредот New Shepard на Blue Origin претставува комбинација меѓу на ракета и капсула, се лансира во суборбиталниот простор пред одвојувањето. Ракетниот дел се враќа на местото за лансирање, а капсулата под притисок се спушта назад на земјата со падобрани. Има шест прозорци за набљудување – најголемите што некогаш се користеле во вселената.

Капсулата Dragon на SpaceX е поставена на ракета Falcon, која може да се користи повеќекратно, со која се достигнува вселената.

ЕКИПАЖ И ПАТНИЦИ

Вселенското летало на Virgin Galactic може да прими шест лица: двајца членови на екипажот и четворица патници.

Леталото на Blue Origin може да превезува шест лица и да лета само.

Капсулата „Дракон“ на SpaceX може да пренесува најмногу седум лица.

МАРШРУТА

Virgin Galactic може да се пофали со време на лет од околу 90 минути од полетувањето до слетувањето, вклучително и неколку минути бестежинска состојба.

Суборбиталниот лет на капсулата на Blue Origin е околу 10 минути по одвојувањето. И тука оние што се наоѓаат во леталото доживуваат неколку минути бестежинска состојба и ја гледаат планетата пред да се вратат на Земјата.

Мисиите на SpaceX се очекува да траат три до четири дена од лансирањето до приземјувањето.

ФИНАНСИРАЊЕ

Типично за потфатите на Брeнсон, Virgin Galactic е јавно финансиран. Нејзините акции достигнаа скоро 60 американски долари по одобрувањето на Федералната управа за воздухопловство во јуни 2021 година.

Blue Origin е во приватна сопственост, а основачот на Amazon.com, Џеф Безос претходно посочи дека би продал акции на Amazon во вредност од околу една милијарда американски долари годишно за да го финансира потфатот.

SpaceX е исто така во приватна сопственост и собра милијарди долари во неколку последователни рунди финансирање. Клучните инвеститори ги вклучуваат Алфабет и Фиделити. Маск вели дека надоместоците што ќе се наплаќаат за чартер летовите на SpaceX ќе одат за мисиите на Месечината и на крајот евентуално на Марс.