Познатиот „син екран на смртта (BSOD – Blue Screen of Death) ќе се претвори во „црн екран на смртта“ во новата верзија на оперативниот систем на Microsoft – Windows 11.
Ажурирањето сè уште не стапило на сила, но ќе се користи во целосно функционалната верзија на Windows 11.
Ова е најрадикалната промена на BSOD од воведувањето на „тажното смајли“ во Windows 8 во 2012 година и QR кодовите во 2016 година.
За првпат претставен во Windows 3.0, „синиот екран на смртта“ им помогна на ИТ професионалците и тимовите за поддршка да дијагностицираат грешки во хардверот и меморијата.
Microsoft's famous Blue Screen of Death (BSOD) is changing to black in Windows 11. It's the first big change to the BSOD since the sad face was added in 2012. Details here: https://t.co/ARCRBQjSMM pic.twitter.com/wv1J6RFqtx
— Tom Warren (@tomwarren) July 1, 2021
BSOD обично се јавува во случај на критична грешка и содржи информации што им помагаат на системските администратори да разберат каков проблем ги предизвикува пречките.
Иако компанијата ќе користи „црн екран на смртта“ во Windows 11, сè друго треба да остане како што е во Windows 10, вклучувајќи го „тажното смајли“, QR кодовите и други информации. Исто така, корисниците нема да мораат да ја менуваат кратенка BSOD (Blue – Black).
Извор: B92.net