Aurora Station е првиот луксузен хотел наменет за вселенски туризам.
Доколку сте меѓу оние ретки туристи на кои им е здодевно од сите копнени хотели или дестинации, вашиот спас доаѓа во форма на агенција која ви нуди услуги и аранжмани надвор од нашата планета.
„Rocket Breaks“ во основа е класична туристичка агенција отворена во Лондон и на идните патници им нуди комплетна услуга, вклучувајќи организација и координација на летови, сместување, аранжмани како и програма за подготовка за престој во вселената.
Пакетот вклучува патување во вселената, бестежинска состојба и шанса за престој во Aurora Station, првиот луксузен хотел наменет за вселенски туризам. Зад овој проект е компанијата Orion Span. Хотелот треба да биде отворен во 2022 година.
Ричард Брансон, пионер во патувањето во вселената, треба да го направи својот прв лет на крајот на 2021 година. Доколку се утврди успехот на неговото патување, луксузниот хотел „Аурора“ во вселената треба да започне со работа веќе во 2022 година.
Зад идејата на Aurora, првиот луксузен хотел во вселената, стои калифорниската авиокомпанија Orion Span. Вселенскиот хотел е развиен за патување околу земјата, а капацитетот не е преголем, со оглед на тоа дека хотелот е предвиден за само четири гости и двајца членови на екипажот.
Целосниот аранжман трае 12 дена. Од хотелот туристите ќе можат да го гледаат изгрејсонцето 16 пати на ден, како и да уживаат во комплетната перспектива на планетата.
Извор: B92.net