Xiaomi го претстави својот најнов премиум лаптоп – Mi Notebook X Pro, кој го красат некои импресивни карактеристики.
Покрај најновата генерација на хардвер од Intel и Nvidia, лаптопот има и 15,6-инчен 3.5К OLED дисплеј (3456 x 2160p), со осветлување до 600 нита, Gorilla Glass заштита и целосна покриеност DCI-P3 спектарот на бои. Дисплејот е опкружен со 4,03 мм тенки рамки, а Xiaomi тврди дека лаптопот нуди 91% screen-to-body однос.
Mi Notebook Pro X го покренува Intel Core i7 или Core i5 процесор од 11. генерација. Конфигурациите одат до Core i7-11370H, а се работи за моќен 35Wчетири-јадрен чип 35W, заснован на 10nm Superfin нод.
За графичките интензивни задачи, од помош ќе биде графичка картичка до Nvidia RTX 3050 Ti моделот, со 4 GB GDDR6 VRAM. Лаптопот може да се конфигурира со до 32 GB LPDDR4X RAM меморија и до 1TB PCIe NVMe SSD.
Тастатурата има позадинско осветлување, додека целиот лаптоп тежи 1,9 килограми и дебелина од 18,47 мм на најдебелото место. За подобрено мултимедијално искуство тука се два Harmon Kardon 2W стерео звучници, заедно со DTS Audio. На крајот, лаптопот напојува со батерија од 80Wh, со поддршка за полнење од 130W преку USB-C конектор (се полни до 50 проценти за 25 минути).
Xiaomi Mi Notebook Pro X е достапен во Space Grey варијанта, на кинескиот пазар, по почетна цена од околу 1240 долари за Core i5 / 16GB RAM / 512GB SSD верзијата. Помоќниот Core i7 / 32GB RAM / 1TB SSD модел чини околу 1550 долари.