HP го претстави Pavilion Aero 13, кој претставува најлесниот потрошувачки лаптоп на компанијата досега. Уредот има тежина под еден килограм и се работи за првиот Pavilion лаптоп со 90% screen-to-body однос.
Лаптопот има 13,4-инчен дисплеј, со 2.5K резолуција, 16:10 однос на страници, осветлување од 400 нита и 100 проценти покриеност на sRGB спектарот на бои. Pavilion Aero 13 има WiFi 6 поддршка, додека батеријата нуди до 10,5 часа работа со едно полнење.
Pavillion Aero 13 го покренува AMD Ryzen 5000 серијата процесори, а има и вградена Radeon графичка карта, до Ryzen 7 5800U моделот.
Лаптопот е креиран од рециклиран материјал и пластика отсранета од океанот. Покрај тоа, HP истакнува дека уредот е EPEAT Gold регистриран и има Energy Star сертификат. Pavillion Aero 13 ќе се најде во продажба од јули, по почетна цена од 749 долари.