Тимот на Сивус ги искачуваше падините на Водно се до Милениумскиот крст како дел од тим билдинг активностите. Повеќе вработени во најголемата ИТ компанија во земјава во неколку тимови се натпреваруваа кој прв ќе стигне до врвот на Водно. Излегувањето од компаниските простории и организирање заеднички активности во природа, како пешачење, возење велосипед, трчање се редовни активности кои ги организира Сивус заедно со своите вработени со кои се зацврстува колегијалната и компаниската поврзаност.