Иновативните производи на „Беко“ ја одразуваат мисијата на брендот за одржливост, користат рециклирани материјали, био-композити, како и технологии за заштеда на детергенти за одржливо живеење
„Беко“, водечкиот бренд за апарати за домаќинство во Европа, верува дека луѓето и планетата се меѓусебно тесно поврзани. За да се подигне свеста за мисијата за одржливост на „Беко“, брендот денеска одржа виртуелна презентација на своите еколошки апарати со главниот извршен директор на „Арчелик“, Хакан Булгурлу, главната маркетинг-директорка Зејнеп Јалим Узун и главниот комерцијален директор Рагип Балчиоглу. Дел од претставувањето беше и специјалниот гостин од „Светскиот бизнис-совет за одржлив развој“, Брендан Еџертон, директор за циркуларна економија.
Во текот на промоцијата, „Беко“ сподели европско истражување за ставовите и загриженоста на луѓето во врска со одржливоста и претстави седум одржливи производи* за да им помогне на потрошувачите да го намалат своето влијание врз животната средина. Дел од овие продукти се: машина за перење / сушење, рерна, машина за сушење алишта, ладилник, машина за еспресо и машина за миење садови. Истражувањето, објавено на онлајн-презентацијата на „Беко“ на седум еколошки апарати за домаќинство, потенцира дека штетата врз животната средина од страна на луѓето се смета за најкритична закана за одржлива планета од сите испитаници. Потоа следува проблемот со пластиката, како и со заразните болести – тема која што можеби и немаше да се најде на листата ако овие прашања беа поставени пред две години. Екстремните промени на временските услови се следни, а по нив доаѓаат природните непогоди, недостатокот од природни ресурси, губење на биолошката разновидност, фрлањето храна и на крајот, загубата на вода за пиење.
Хакан Булгурлу, главниот извршен директор на „Арчелик“, компанијата сопственик на „Беко“, истакна: „Нашите цели во одржливоста и нашите водечки напори на планот на иновациите се два големи дела од истата целина. Еволуцијата на секое од овие прашања зависи едно од друго. На нас останува да најдеме поквалитетни, еколошки посвесни начини на водење на нашите животи. Со серијата еколошки апарати на „Беко“, потрошувалите сега можат целосно да го опремат својот одржлив дом“.
Главната маркетинг-директорка на „Арчелик“, Зејнеп Јалим Узун додаде: „Целта на брендот „Беко“ поттикнување на идните генерации да живеат поздрав живот, а тоа е можно само преку одржлив начин на живеење и посветена работа на прашањето за поздрава планета. Сите наши активности и секој производ што го користиме има влијание врз природата. Значи, и по ова портфолио со седум производи, ние сме решени да ги прилагодиме постојните технологии за да ги направиме и сите наши апарати поеколошки. За „Беко“, ова е само почеток “.
„Во „Беко“, ние сме страствени на темата за демократизација на технологијата, за таа да биде што подостапна и за да се осигураме дека што е можно повеќе луѓе имаат пристап до неа. Со избирањето на одржливоста за бизнис-модел и нејзиното интегрирање во сè што правиме, ние се стремиме да ги намалиме штети од луѓето врз животната средина со тоа што развиваме домашни апарати што имаат високи перформанси, но исто така се долготрајни, со пристапни цени, како и еколошки“, рече главниот комерцијален директор на „Арчелик“, Рагип Балчиоглу.
Производи со рециклирани материјали за планетата:
Машина за перење и сушење алишта EcoTub **
• Пластичен отпад трансформиран во вредна алтернативна суровина
• Приближно до 60 рециклирани 0,5Л ПЕТ-шишиња искористени во одредени модели машини за перење и сушење
• Рециклирани ПЕТ-снегулки употребни заедно со друга пластика и адитиви без влијание врз перформансите за ефикасност на машината
• Прв пример во светот за ваква примена на пластика во апаратите за домаќинство
• Новиот еколошки метод на производство значително ги намалува емисиите на јаглерод диоксид.
• Од почетокот на овој проект во 2017 година, рециклирани се 58 милиони пластични шишиња, емисиите на СО2 се намалени за речиси 2.200 тони.
EcoFiber печка
• Одржлив материјал од рециклиран отпад од рибарска мрежа и отпад од индустриски навој
• 5% рециклиран отпад од рибарска мрежа и 65% отпад од индустриски навој е искористен во пластични делови, како што се украсната пластика на вратата и капакот на дисплејот
• 50% од капакот на внатрешниот дисплеј на рерната направен од отпад од индустриски навој
GreenDry машина за сушење алишта
• Искористена рециклирана пластика во просек од 15% од пластичните делови, вклучително и во куќиштето на резервоарот за вода и задниот капак
• Изминатите две години беа рециклирани 2.420 тони пластика за оваа цел.
Производи со био-композити за планетата:
Фрижидер BioCycle
• Долготрајни компоненти составени од био-базирана пластика
• Држачи за јајца направени од отпад од лушпи од јајца и биопластика
• Секој од двата држачи за јајца на фрижидерот*** содржи отпад од лушпа од 5 јајца
• Капакот на вентилаторот е 100% био-базирана пластика (33gr) од одржливи ресурси како што се пченкарен скроб или шеќерна трска
• Затворачот на вратата е од 25% био-базирани (масло од соја) материјали (195 гр).
Машина за еспресо BioCoffee
• Развиена со био-композитна технологија
• Секоја машина за еспресо е направена од пет шолји остатоци од кафе, со што се намалува јаглеродниот отпечаток за 5% во био-композитните делови
Производ што ја намалува употребата на хемикалиите:
AutoDose машина за миење садови
• AutoDose секогаш испушта точна количина детергент за кристално чисти садови
• При секое миење, AutoDose употребува до 28% **** помалку детергент за здрав живот на здрава планета
* Достапноста на производот варира по пазар
** Производи моментно достапни од фабриката за машини за перење алишта „Чајрова“ тие со големина од 8-9-10 килограми и брзина од 1400-1500 вртежи и капацитет за сушење од 8/5 и 10/6 килограми. Целта е да се прошири употребата на ПЕТ-пластика и во другите фабрики.
***Бројот на држачи на јајца се менува во зависност од моделот
****За слабо извалкани садови и ниска употреба на гел и детергент