Цените на графичките процесори во Кина паднаа по забраната за „рударењето”, сопствеништвото и трговијата на криптовалути. Намалувањето на потрошувачката за графичките картички влијаеше нивната цена да доживее драстичен пад.
Кинеската влада не ги сака криптовалутите и има став дека немаат реална вредност, со нив може да се манипулира и дека се лоша инвестиција. Сега, откако нивното „рударење” е целосно забрането, се помала е побарувачката за големи количини на хардвер, што ги намали цените.
Ова значи добри вести за гејмерите и производителите на компјутери кои бараат делови. Потезите на Кина се одразија и на вредноста на Биткоинот.
Извор: B92.net
Поврзани артикли