Ако може да им се верува на типстерите, Honor во август ќе претстави нов смартфон.
Се работи за моделот Honor Magic 3, кој ќе биде наследник на Magic 2 од 2018. година. Тој уред имаше „скриена“ селфи камера, односно лизгачки механизам, кој ја криеше зад екранот кога не е потребна.
Смартфонот го покренуваше Kirin 980 процесор, имаше 6,39-инчен AMOLED екран и три задни камери.
Ако Honor навистина ја враќа Magic линијата, тогаш може да се очекува прв преклопен иред на овој бренд, кој секогаш бил фокусиран на иновативен дизајн. Исто така, се наведува дека уредот ќе го покренува Snapdragon 888 Pro процесор на Qualcomm.