По објавата на Axon 30 серијата телефони во април годинава, гласините сега сугерираат дека компанијата ZTE работи и на нов Axon 30 модел кој ќе има селфи камера под екранот. Ова е карактеристика што своевремено ја популаризираше минатогодишниот Axon 20.
Иако нема премногу информации за претстојниот Axon 30 телефон, дојавувачот Digital Chat Station истакнува дека уредот треба да биде претставен на 22 јули.
Доколку овие информации се точни, ова ќе биде трет модел во рамките на Axon 30 линијата, кој ги вклучува и претходно најавените ZTE Axon 30 Pro и Axon 30 Ultr телефони .
ZTE сè уште не го објави ни стандардниот Axon 30, кој би требало да има послаби карактеристики, но и пониска цена од Axon 30 Pro и Axon 30 Ultra моделите.