Сајтот Pornhub повторно е во центарот на вниманието откако 34 жени го тужеа оваа недела, тврдејќи дека без нивна согласност, страницата објавила видео снимки на кои е прикажано силување, сексуално злоставување или нивни фотографии кога биле малолетни.
– Станува збор за силување, а не за порнографија, велат подносителите во тужбата, опишувајќи ја веб страницата како „веројатно најголемото нерегулирано складиште на детска порнографија во Северна Америка и пошироко“.
Нивните адвокати ја обвинуваат MindGeek, контроверзната империја за забава за возрасни, која управува со Pornhub, дека е „класично злосторничко претпријатие“, кое спаѓа во деловен модел заснован на сексуална содржина без согласност на засегнатите лица.
Според тужбата, поднесена во Калифорнија, MindGeek поседува повеќе од 100 порнографски страници, вклучувајќи ги Pornhub, RedTube, Tube8 и YouPorn, кои регистрираат околу 3,5 милијарди посети секој месец.