Новото научно истражување покажува дека Земјината „енергетска нерамнотежа“ е двојно зголемена од 2005 до 2019 година поради задржување на големата количина топлина, а ситуацијата е алармантна
„Енергетскиот дисбаланс“ укажува на разликата меѓу тоа колку атмосферата на Земјата и површината апсорбираат сончева енергија, во споредба со тоа колку „топлинското инфрацрвено зрачење“ се одбива назад во вселената, објави британски „Guardian“.
Научниците потврдиле дека постои енергетска нерамнотежа, преку споредување на податоците на сателитските сензори кои следат колку енергија влегува и излегува од Земјиниот систем, како и податоците за светските океани.
Овој систем собира податоци кои се простираат ширум светот и овозможува „точна процена на брзината на загревањето на светските океани“.
Поради тоа што околу 90 отсто од вишокот енергија поради нерамнотежа допира до океаните, податоците на сензорите треба да одговараат на промените на температурата во океаните.
Поврзани артикли