Компанијата SoftBank го најави Leica смартфонот за јапонскиот пазар.
Leica претходно го „позајмуваше“ своето име за камерите на паметните телефони, но Leitz Phone 1 е прв случај во кој се присутни и обележани брендот на Leica и легендарната црвена точка на некој смартфон.
Како што се очекуваше, камерата е најголемата предност на овој уред и интересна е затоа што има еден 1-инчен сензор од 20 MP, а тука се и ултра-широките леќи од 19 mm f/1,9.
Ако ова изгледа познато, Sharp го објави истото пред еден месец. Aquos R6 го има истиот систем на камера na Leica, но во случајот на Leitz Phone 1 моделот изгледа многу поголем. Телефоните го делат и Pro IGZO OLED екранот со брзина на освежување од 120Hz.
Сепак, Aquos R6 не доаѓа со капак за леќите и маска.
SoftBank го продава Aquos R6 со Leitz Phone 1 и не се обидува да ги сокрие нивните сличности. Наместо тоа, R6 е позициониран како модел за некој што сака само Leica камера, додека Leitz Phone 1 е наменет за оние кои го ценат дизајнот на Leica хардверот.