Realme GT 5G беше официјализиран за глобалните пазари, три и пол месеци откако дебитираше во Кина. Телефонот кој работи со Snapdragon 888 чипсет е претставен на меѓународниот пазар во две комбинации на меморија, а во Европа ќе се продава по почетна цена од 369 евра.
Realme GT 5G ќе се најде во продажба од 21. јуни, а моделот 8 GB/128 GB ќе чини 369 евра во текот на првите четири дена од ексклузивната достапност на AliExpress. Моделот од 12 GB/256 GB ќе чини 499 евра на Amazon за време на Рrime Day до 22. јуни.
Откако ќе завршат овие промоции, цените на двете верзии на телефонот ќе бидат 449 и 599 евра, а ќе бидат достапни на сите поголеми трговци во Европа.
Realme исто така ги носи своите паметни часовници во Европа – Watch 2 и Watch 2 Pro. Нивните цени ќе бидат 55 и 75 евра, а ќе бидат понудени на Amazon од 16. јуни.
Конечно, тука е Realme TechLife Robot Vacuum, првиот AIoT уред на компанијата од брендот TechLife. Оваа паметна правосмукалка има LiDAR сензор за навигација и мапирање, функција за чистење и бришење 2 во 1 и интелигентна технологија за прилагодување на површината. Цената на правосмукалката е 299 евра.
Извор: Benchmark.rs