Американската вселенска агенција NASA развива нов телескоп под името Near-Earth Object Surveyor или NEO Surveyor, чија задача е да открива астероиди и комети.
NEO Surveyor ќе ги открива астероидите кои би можеле да удрат во Земјата и да предизвика потенцијално разорувачки последици, што значи дека ќе ја унапреди одбраната на планетата.
Сателитот ќе биде опремен со инфрацрвени камери кои можат да ги откријат објектите во вселената, да ги следат нивните позиции и да ја пресметаат нивната големина попрецизно од било кој телескоп на Земјата.
„Сметаме дека постојат околу 25.000 објекти доволни да го уништат подрачјето со големина на Јужна Калифорнија. Секој објект со дијаметар 140 метри и поголем може да предизвика тешка регионална штета. Сакаме да ги пронајдеме, како и помалите, што е можно повеќе“, изјави раководителката на проектот NEO Survey, Ејми Мајнцер.
Неодамна објавените симулации на NASA и ESA покажаа дека актуелните технологии не би биле доволни да го пренасочат астероидот од курсот кон Земјата, со оглед на временскиот период од шест месеци. Поради тоа, NASA и другите организации напорно работат за да ја развијат новата генерација на технологија за откривање астероиди.
Ако се оди според планот, телескопот би требало да биде лансиран во првата половина на 2026. година.