Иако не дели уште доста време од објавата на Samsung Galaxy S22 серијата, веќе се појавија неколку извештаи од неименувани извори. Инсајдерите објавија детали за дисплеите на претстојните премиум телефони во две верзии.
Според наводите на еден извор, Galaxy S22 ќе има 6.06-инчен дисплеј, S22+ ќе користи 6,55-инчен панел, додека Ultra ќе го задржи дисплејот од 6.81 инчи. Вториот извор сугерира големини на екрани од 6,1, 6.5-6.66 и 6.8-инчи за споменатите модели.
Ова укажува на тоа дека стандардниот Galaxy S22 и Plus модел ќе имаат помали екрани од своите претходници од S21 серијата. Исто така, повторно само Galaxy S22 Ultra моделот ќе има LTPO OLED екранот.
Поврзани артикли