Скулптура на лидерите од Г7 во облик на планината Рашмор во САД, од електронски отпад, поставена е во Корнвел пред самитот Г7. Наречена е „Маунт рисајклмор“ во обид да се нагласи штетата настаната од одлагање електронски уреди.
Скулпторот Јо Раш рече дека се надева оти тоа ќе покажае дека електронскит еуреди треба да се направат полесни за повторна употреба.
– Тоа треба да се поправи или да се направи да трае подолго затоа што работите одат на депонија“, вели тој.
Според извештајот на Обединетите нации, повеќе од 53 милиони тони е-отпад настана ширум светот во 2019 година – повеќе од 9 милиони тони повеќе во споредба со пет години порано.
Седумте лидери прикажани на скулптурите се британскиот премиер Борис Џонсон, јапонскиот премиер Јашихидо Суга, францускиот претседател Емануел Макрон, италијанскиот премиер Марио Драги, канадскиот премиер Џастин Трудо, германската канцеларка Ангела Меркел и американскиот претседател Џо Бајден.
Раш објаснува дека високо видливата локација за неговата скулптура е одбрана од другата страна на хотелот „Карбис Беј“, каде самитот треба да се одржи овој викенд, во надеж дека тие ќе ја забележат кога ќе надлетуваат.
„Ова гледа кон нив и се надеваме дека ќе им копкаме по совеста и ќе ги наведеме да сфатат дека сите заедно се во овој отпад„. Клучната порака е „разговарајте едни со други“ и „ајде, да го средиме овој неред“, појаснува Раш.
Поврзани артикли