Заедничкото решение ги донесува придобивките од приватната 5G инфраструктура во мрежите на компаниите.
Inseego Corp објави соработка со Net4, експертски системски интегратор на IoT решенија, за да се поттикне и поедностави поставувањето на 5G приватни мрежи за деловните корисници низ Велика Британија и Европа. Заедничкото решение ќе ја искористи платформата на Net4 за ултра-сигурна 5G конекција, заедно со фиксното и мобилно 5G портфолио на Inseego за пружање на услуги за мобилен-до-мрежен и Wi-Fi-пристап до постарите жичани или безжични клиентски уреди.
Благодарение на водечките оператори, вклучувајќи го и Verizon Business, Net4 ја користи 5G Stand Alone (SA) технологијата за изградба на приватни мрежи, кои обезбедуваат максимални придобивки од 5G. Претпријатијата можат да ја оптимизираат покриеноста, да дефинираат специфични опсези на фреквенција врз основа на своите потреби и да постават мрежно режење во согласност со своите апликации. 5G SA гарантира дека клиентите на претпријатијата можат да постигнат најниска можна латентност за критичните апликации во голем обем.
„Возбудени сме што ќе се здружиме со Net4 поради нивните докажани резултати и широкиот досег во Велика Британија и неколку пазари во Европа“, рече Симон Рејн, SVP и Генерален директор на Inseego за Велика Британија, EMEA и APAC . „Нашето интегрирано end-to-end приватно 5G решение ќе овозможи многу нови случаи на употреба за клиентите на претпријатијата“.
Како единствен интегратор на системи, Net4 применува приватни мрежи преку 5G за специфичните потреби на компаниите, а внатрешните, надворешните и индустриските CPE на Inseego се критичен дел од целокупното 5G решение.
„Net4 бараше партнер за да создаде целосно интегрирано end-to-end приватно 5G мрежно решение за своите клиенти“, изјави Алекс Тејлор, Извршен директор на Net4. „Со оглед на флексибилностa на примената, 5G портфолиото на Inseego одлично се вклопува во нашата платформа, која пружа робусно решение за нашите корпоративни клиенти. Заедничкото решение ќе им овозможи на нашите купувачи да ја искористат предноста на ниската латентност и сигурната 5G конекција за безбедно поврзување на било кој клиентски уред со приватната мобилна мрежа“.
Заедничкото решение помеѓу Inseego и Net4 ќе помогне во:
- Елиминирање на скапите трошоци за примена при жичаното префрлање помеѓу различните протоколи (MPLS)
- Забрзување на поставување на приватната мрежа со целосно управување на мрежата, вклучувајќи го дизајнот, примената и следењето
- Обезбедување на поврзаност на тешко достапните локации
- Обезбедување на сигурна поврзаност за постарите уреди
- Овозможување на безбедност на работ на мрежата
- Обезбедување на ИТ и ОТ организациите да имаат подобра контрола над своите мрежи
- Користење на конекција со висока густина
Поврзани артикли