Sony официјално го претстави наследникот на своите WF-1000XM3 слушалки. Sony WF-1000XM4 доаѓаат со голем број функции, помали димензии и подобра поддршка за активно намалување на бучавата (ANC). Ги краси компактен дизајн и целокупно подобрено звучно искуство.
Sony WF-1000XM4 слушалките го користат Sony V1 чипот, кој нуди подобрено активно исклучување на високи фреквенции и доаѓа со до 40 проценти пониски нивоа на бучава во однос со претходниот модел. Sony ги промовира своите слушалки како прв модел TWS со поддршка за Hi-Res аудио и LDAC кодек.
Кога е во прашање звукот, WF-1000XM4 слушалките имаат драјвери со поголеми магнети и се пофлексибилни. Моделот TWS поддржува 360 Reality Audio за имерзивно искуство на звук. Тука е и поддршката за брзо спарување со Android и Windows 10 уреди. Тие се опремени и со моќни микрофони и ги поддржуваат Alexa и Google Assistant услугите.
Слушалките имаат батерија која трае до осум часа при репродукција музика со ANC и до 12 часа кога ANC е исклучена. Батеријата може да трае до 24 часа со овозможено намалување на вревата и до 36 часа кога оваа опција е исклучена.
Sony WF-1000XM4 слушалките ќе се продаваат во Европа по цена од 280 евра, во црна и сребрена опција на бои.
Поврзани артикли